Португалија тврди дека веќе нема потреба од меѓународна финансиска помош

Од:

Португалскиот премиер Пасос Куељо изјави дека Португалија повеќе нема потреба од земање кредити за покривање на нејзината неликвидност и за одржување на финансиската стабилност.

Одлука за тоа е донесена на последната владина седница, а прекинувањето со кредитите, формално ќе стапи во сила на 17 мај.

– Владата оцени дека повеќе нема потреба да и се помага на земјата од надвор, рече Куељо, објаснувајќи дека тоа е најдоброто за интересите на Португалија, откако земјата успеа да го врати својот кредибилитет на меѓународните финансиски пазари.

Владата во Лисабон првпат побара меѓународна финасиска помош во мај 2011 година. Досега од ЕУ и од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), земјата доби 78 милијарди евра позајмици за покривање на неликвидноста.

Ваквото решение на португалската Влада го потврдува закрепнувањето на домашната економија и обнивата на финансиската стабилност, по трите години на спроведување на строги мерки за кратење на буџетските трошоци и јавната потрошувачка.

Португалија е втората од земјите во еврозоната кои беа спасувани од банкрот со меѓународна интервенција. Прва од кризата излезе Ирска, која во декември минатата година, престана со примањето финансиска помош и самата продолжи да ги менаџира своите финансиски обврски.

Би можело да ве интересира

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Петмина „исклучително опасни“ затвореници избегаа од затвор со максимална безбедност во Португалија

Силен земјотрес во близина на брегот на Португалија

Горан Наумовски

Голема битка со пожарот во Мадеира

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија