Вината на САД во агресијата против Виетнам

Од:

Научник во борба против нуклеарната опасност. Вака експертите ја дефинираат работата на англискиот филозоф Бертран Расел. Општествен борец, логичар и математичар, бил прв научник кој ги анализирал и открил виновниците за жестоките судири меѓу САД и Виетнам, најголем вооружен конфликт по Втората светска војна. На 2 мај во 1967 година Меѓународниот приватен трибунал под раководство на Бертран Расел ги прогласи САД за виновници за агресијата врз Виетнам.

Британскиот филозоф и општествен активист Бертран Расел во 1966 година основал приватен трибунал кој ги истражувал воените злосторства во Виетнам. Целта била да се открие дали владата на САД извршила акт на агресија во согласност со меѓународното право. Дали во Виетнам биле бомбардирани пред се цивилни цели, посебно болници, училишта и брани.

Настаните во Виетнам во 50 и 60-тите години истовремено претставуваа граѓанска војна меѓу политичките сили на Виетнам и вооружената борба против американската окупација. Долго време мирното обединување на земјата не донесувало никакви резултати, поради што е создадено активно востаничко движење. Во 1965 година на иницијатива на САД, тоа прераснало во меѓународен конфликт. Вашингтон сакал да го нападне сајгонскиот режим и да го задржи Јужен Виетнам под своја контрола.

Во октомври во 1965 година војската на САД преминала во првиот голем напад. 700 илјади војници, 2,5 илјади авиони и хеликоптери, 1500 тенкови и 1200 оружје и срества за масовно уништување: отровни гасови, фосфор и боени отрови. Постојаното финансирање на војната во Виетнам помогнало – САД трпеле пораз по пораз, бројот на жртвите се зголемувал. Во текот на целата војна САД изгубиле над 58.000 лица, Јужен Виетнам 250.000, загубите на Северен Виетнам се над милион војници и над три милиони цивили.

Лажниот синдром на победник го помати здравиот разум и американската сувереност била разнишана, смета докторот по историски науки Александар Сагомоњан. Американците никако не очекувале ваква реакција од Виетнамците. Биле апсолутно сигурни во тоа дека лесно ќе победат.

Практично ја покренале целата моќ на своите вооружени сили,. Да знаеле што ќе биде понатаму, секако ќе се обиделе да ја решат работата на поинаков начин. Апсолутно биле сигурни во победа. За тоа зборувале сите американски генерали кои ја планирале оваа воена кампања. Чудно е што не го предвиделе тоа, затоа што многу кратко пред оваа војна виетнамските вооружени сили нанеле страшен пораз над Французите. Тие го нарекуваат виетнамски Сталинград; Бјен Бу Фу во 1954 година.

Основајќи го меѓународниот трибунал Бертран Расел го сметал за почеток на моралните промени на Запад; крвопролевањето, кое се правело со ладни глави, требало да биде осудено. Заклучоците на трибуналот за Виетнамската војна биле следни:

Државите кои тежнееле за доминација во регионот и систематски го кршеле Женевскиот договор од 1954 година. Исто така истакнато е дека активностите на САД потпаѓаат под член на Нирнбершкиот трибунал и дека подлежат на јурисдикција на меѓународното право.
За жал, трибуналот и неговите пресуди немале важна улога. Америка дошла до некои заклучоци, но не за долго, истакнува Александар Сагомоњан.

Многу долго време Американците го имале т.н. виетнамски синдром. Овој синдром се чувствувал до 1991 година. Но, Американците го надминале за време на војната во заливот против Ирак. Тогаш почнуваат апсолутно дрските дејствија од американска страна, повторно поверувале во својата непогрешливост. Иако веќе трпеле сериозни порази, на пример во Сомалија. Но, тие ги кријат овие порази и во Авганистан и во Ирак и овие порази за сега не прераснале во комплекс. Апсолутно сум убеден дека кај нив во најблиската перспектива ќе се појави уште еден комплекс.

Како што истакнуваат експертите, виетнамската војна претставувала проба за војната во Персискиот залив. Но, Виетнам и Ирак ни од далеку не се едиствени земји во кои се примениле сурови мерки и во кои САД се обидувале да спроведуваат своја политика.
Ќе следат Авганистан и Сирија, како и обидите својата волја да ја диктира на постоветските простори.

Гласот на Русија – Москва

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа

(ВИДЕО) Доаѓа „Дијабло“, издадени се црвени предупредувања

Горан Наумовски