Мала Нобелова награда за академик Ристо Василевски

Од:

Mакедонскиoт поет, академик Ристо Василевски, е меѓу добитниците на годинашната Мала Нобелова награда што ја доделуваат градот Ижевск и Меѓународната академија за книжевност и уметност на Удмутрија.

Како што пишува во одлуката, наградата на Василевски му е доделена „за книгите поезија објавени во многу земји во светот, промовирајќи го величието на човечкиот дух и на човечките вредности”.

Одлуката за доделување на Наградата е проследена со обемна биографска белешка и со избор од поезијата на Василевски кој го состави и од македонски на руски јазик го преведе поетесата Олга Панкина.

ristoVasilevski

Другите лауреати на Малиот Нобел се Атанас Ванчев де Траси (Франција), Тетјана и Сергеј Дзуба (Украина), Азита Кагреман (Шведска), Етон Кељменди (Белгија), Збигњев Владзимеж Фрончек (Полска), Димитар Христов (Бугарија) и Пјотр Захаров и Виктор Шибанов (Удмутрија).

Ижевск е главен град на Автономна Република Удмутрија која се наоѓа во европскиог дел на Русија. Уште е познат како „град на мајстори за оружје”, во знак на сеќавање на Људвиг Нобел, еден од браќата на прочуената петербуршка династија Нобел (Роберт, Људвиг и Алфред), научник кој речиси цел живот го поминал во Русија и е заслужен за многу значајни откритија и унапредувања во областа на воените орудија, поморското бродарство и во нафтната индустрија….

Мала Нобелова награда за книжевност – Малая Нобеловская премия Будон е востановена како пандан на големата Награда. Имињата на нејзините први добитници беа објавени на 29 април.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска