Најмалку 19 лица загинаа, а над 130 се повредени, кога патнички воз излета од шините во западна Индија, соопшти синоќа локалната полиција.
Инцидентот се случил во областа Рајдаг, 110 километри јужно од Мумбај, во близина на станицата Роха, кога композицијата излетала од шините.
Возот сообраќал од Дива, преградие на Мумбај кон Савантвади, во близина на летувалиштето Гоа.
Претставник на полицијата изјави дека спасувачите морале да ги сечат превртените вагони за да дојдат до патниците, кои биле заробени во нив.
Засега не е позната причината за несреќата.