Притвор за разбојникот што ја ограби златарницата во Струга

Од:

Полициската станица во Струга поднесе пријава против 37-годишниот П.Д. од село Радолишта поради основано сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.

Тој на 30 април заедно со уште четири засега непознати лица кои се опфатени со пријавата, во златарата „Циркон“ во Струга извршиле кражба при што одзеле поголема количина златен накит, кој според проценката на сопственикот, е во вредност од околу 420 илјади евра. Кражбата ја извршиле со помош на огнено оружје при што нападнале три лица вработени во златарата.

Неколку дена пред кражбата, П.Д. од лице од Радолишта купил патничко возило марка „ауди-100“ без регистарски таблици при што побарал да му се направат неколку измени во возилото – сечење кај задното седиште, отстранување на плочката и бројките од шасијата, отстранување на каишите за врзување, затемнување со црн спреј на стаклата од автомобилот, како и ставање на лажни регистарски таблици. Возилото е најдено по извршување на кривичното дело во близина на македонско-албанската граница.

Основниот суд Струга на П.Д. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Пријавениот во евиденцијата на МВР е познат како сторител на слични кривични дела за кои му се поднесувани кривични пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје