МВР: За 12 пилоти на МВР во конкуренција остануваат 198 кандидати

Од:

Пријавените кандидати по конкурсот за прием на 12 пилоти за потребите на хеликоптерската единица при МВР, во изминатиот период ги завршија тестирањата за познавање на англискиот јазик и контролата на здравствена способност.

Во наредниот период процесот на селекција ќе продолжи со селекција на земја (Ground Screening) која ќе ја вршат експерти од „Елбит Системи“ од Израел, во Центарот за обука на пилоти на аеродромот Александар Велики, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

По завршувањето на тестовите за познавање на англиски јазик од вкупно тестираните 298 кандидати, успешно минале 214 кандидати (од кои 102 со високо и 112 со средно образование). Според половата структура овој тест го минале 182 машки кандидати и 28 женски кандидати. Од 214 кандидати кои ги минале тестовите за познавање на англискиот јазик, контролата за здравствената состојба ја минале 198 кандидати.

МВР потсетува дека на конкурсот за прием на 12 пилоти со и без работно искуство којшто беше објавен на почетокот на годинава биле пријавени вкупно 466 кандидати, по што започнала ригорозната селекција преку фазата на административно тестирање и проверката на моторичките способности на пријавените кандидати.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ