Силите за безбедност во државата Асам, на североисток од земјата, пронашле тела на девет убиени муслимани, со што бројот на жртвите во племенските судири во последните неколку дена нарасна на 31.
Во Индија е во тек оддржување на општите избори, што дополнително ги засилуваат етничките тензии во земјата, пренесоа британските медиуми. Изборите го поттикнаа прашањето на верската нетрпеливост ширум Индија, додека се очекува сигурна победа на хиндуистичката националистичка партија Баратија Џаната.
Полицијата соопшти дека шест од деветте убиени муслимани се жени и деца.
Индиската држава Асам низ историјата постојано е средиште на секташко насилство и судири на разни вооружени групи кои се борат за поголема автономија и отцепување од Индија, наведуваат британските медиуми.