ФОТО: Одбележани 111 години од смртта на Гоце Делчев

Од:

По повод 111 години од смртта на Гоце Делчев, денеска на денот на неговото загинување 4 мај, во Црквата „Св. Спас“, на Плоштадот Македонија и во Градскиот парк во Скопје, официјални државни и институционални делегации положија цвеќе.

Делагација на Градот Скопје положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во Црквата „Св.Спас“, а делегации од Советот на Град Скопје му оддадоа почит на големиот македонски револуционер на споменикот на Плоштадот и на оној во Градскиот парк.

Цвеќиња денеска положија Делегација на Владата на Република Македонија, делегации на државни институции, делегации од политичките партии, делгации на АРМ, МАНУ, како и делегации и претставници од училишта и организации што го носат неговото име.

Во Црквата Св. Спас беше одржана Литургија на Македонската православна црква, а по повод 111 години од смртта на еден од најголемите македонски револуционери, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“.

Polozuvanje na cveke 4 maj 2014

Polozuvanje na cveke 4 maj 2014 (3)

Polozuvanje na cveke 4 maj 2014 (1)

Би можело да ве интересира

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за значајни остварувања во областа на науката

Доделување на државната награда „Гоце Делчев“

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Катерина Ѓуровски

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски