Дваесет три лица погинаа, а повеќе од 20 се повредени во местото Розо, на југот на Хаити, кога се превртел камион преполн со храна и улични продавачи.
-Камионот бил преполн со патници и прехрамбени производи, изјави родител на една од жртвите, наведуваат француските медиуми.
Во камионот имало околу 50 продавачи.
Шефот на локалната владина агенција за здравство, Дади Монтен, изјави дека 17 лица погинале на лице место, а шест на пат за болница.
-Камионот бил навистина пренатрупан, изјави Монтен, кој побара помош од другите градови во лекување на повредените.
-Имаме околу 25 повредени, од кои 12 се со тешки скрешеници. Ние немаме стручњаци, ниту опрема за нивно лекување, додаде тој.