Петмина кипарски Турци ќе учествуваат во трката за шесте пратенички места на етнички поделениот Кипар во Европскиот парламент.
Досега за европарламентарните избори на Кипар официјално кандидатура имаат поднесено вкупно 61 лице.
Околу 58.200 кипарски Турци, што живеат во северниот дел на земјата, имаат државјанство и на јужната грчка Република Кипар и со тоа имаат право да се кандидираат и да гласаат на евроизборите на 25 мај.
Кипар е поделен на северен турски и јужен грчки дел од 1974, но само јужниот дел е меѓународно признат и е дел од ЕУ.