Шведските затвореници 200 пати поскапи од бугарските

Од:

Еден затвореник во Шведска чини 620 евра дневно, споредено со европскиот просек на трошоците кој изнесува 103 евра, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во вкупната сума се пресметани сите трошоци, од оние што се неопходни за управување и одржување на затворот па до исхраната, активностите и здравствената грижа.

Но, во однос на бројките во статистичкиот приказ не се земаат предвид природните разлики меѓу разни европски земји.

Во Бугарија, на пример, еден затвореник чини само три евра дневно, значи повеќе од 200 пати помалку од сумата која се издвојува за еден затвореники во Шведска.

Шведска е во самиот европски врв според средствата што од буџетот се издвојуваат за казнено-поправните установи. Само во микро-државата Сан Марино се троши повеќе од Шведска, односно 750 евра по затвореник.

Сан Марино, според статистиката, има само тројца затвореници на 100.000 жители. Но, кога се има предвид дека Сан Марино има вкупно 29.000 жители, тогаш, доколку може да им се верува на актуелните статистички податоци, во оваа мала земја моментно има само еден единствен затвореник, пишува „Свенска дагбладет“.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица