Заштита и промоција на обичајот „Водичарки“ од Битолско

Од:

Научните соработници од Институтот за старословенска култура – Прилеп годинава активно ќе работат на заштита и промоција на обичајот  „Водичарки“ од село Беранци, општина Могила, Битолско.

Проектот е дел од Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 година, во која се предвидени активности за заштита и програми за негување и популаризација на нематеријалното културно наследство.

Со проектот, кој е поддржан од Министерството за култура, се предвидени конкретни мерки за заштита и промоција на ова значајно културно наследство кое претставува женска поворка во која Водичарките се главни носители на народното празнување на обичајот Водици (Машки и Женски Водици), како и обредните дејства на празникот Цветници (Винопиец).

Предвидено е снимање на ЦД со 50-тина водичарски обредни песни, подготовка на костимографија и сценографија за презентација на ова добро на културни манифестации и фестивали каде што се претставува „живото фолклорно наследство“, како и набавка на делови од облека: опинци, шамии -„даркми“ и сл. Во рамки на проектот, завршено е и снимањето на видеоматеријал за изработка на спот преку кој ќе се презентира овој вековен обичај, кој е дел од македонското нематеријално наследство.

Како што информира Министерството за култура, се очекува да се зголеми нивото на свеста за значењето на ова културно наследство и да се овозможи поголема промоција на духовното културно богатство.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот