Македонија две места подолу на листата на Фридом Хаус

Од:

Американскиот Стејт департмент и организацијата Фридом Хаус денес во Вашингтон го претставија годишниот извештај за почитувањето на медиумските слободи во светот.

Помошникот државен секретар на САД за јавни работи Даг Франц и директорката на проектот на Фридом Хаус Карин Карлекер оценија дека состојбата со слободата во медиумите во светот се влошува, и покрај неколку одделни држави кои постигнале напредок, како што се Израел, кој премина во групата слободни држави. Главната критика на денешната прес конференција беше насочена кон Турција, која направи чекор назад и од делумно слободни, влезе во категоријата неслободни држави.

– Јас сум живеел во Турција шест години и таа земја ми е многу драга. Се работи за земја во која има значителен напредок, бруто-домашниот производ се утрои, се отворија некои од табу темите како што се односите со Ерменија или спомнувањето на Курдите во јавност. Но, во исто време, мораме да внимаваме да не се создадат нови табу теми, и не смее да продолжи ситуацијата во која се забрануваа интернет каналите како што се твитер и јутјуб. Заедно со Египет и Украина, Турција е земјата во која имаме влошување на слободата на изразувањето. Овие критики ги упатуваме кон Турција како наш пријател, бидејќи сметаме дека можеме да и укажеме на пријателска земја која прави грешки, изјави помошникот државен секретар Франц.

Македонија, во извештајот на Фридом Хаус, доби 57 поени и се најде на 122  место, што е влошување за 1 поен и две места во однос на минатогодишниот извештај. Македонија е во групата делумно слободни земји, каде е и поголемиот дел од регионот, Грција, Албанија, Романија, Хрватска, Босна, Црна Гора, за разлика од западно-европските држави кои со САД, Канада и Австралија единствени се заведени во категоријата слободни држави.

Како најлошо пласирани држави светот Франц и Карлекер ги наведоа Белорусија, Куба, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Туркменистан и Узбекистан. Како земји во кои професијата новинар е најопасна, со закани од ликвидации, беа посочени Пакистан и Мексико.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on