Писатели од Македонија на книжевни средби во Хрватска

Од:

„Од остров на копно, кон остров на море“ е насловот на книжевните средби што од денеска до 4. мај ќе се одржуваат во Далмација, Хрватска.

На покана на Асоцијацијата на хрватски писатели, делегација на Независни писатели од Македонија ќе одржи книжевна вечер со хрватските колеги на островот Зларин, во близина на Шибеник. Меѓу писателите во делегацијата ќе бидат академик Богомил Ѓузел, проф. д-р Елизабета Шелева, Лилјана Дирјан, Роберт Алаѓозовски… Од хрватска страна ќе учествуваат познати книжевници, како Младен Бјажиќ, Анте Томиќ, Ѕвонко Варошанец, Антонио Баришиќ, Емир Имамовиќ Пирке, Ренато Барешиќ…Покровител на настанот е градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ.

Мотото „Од остров на копно, кон остров на море“ е инспирација од  антологиската песна на академик Богомил Ѓузел, „Остров на копно“,  поврзано со личните поетики на авторите, но и со спецификите на двете земји, како и со пошироките културни контексти на кои авторите им припаѓаат.

Македонските писатели ќе го посетат и Сплит, каде што ќе имаат средба со сплитски колеги,  а македонската дијаспора и Македонското културно друштво „Македонија“ во нивна чест ќе приреди свечена манифестација со уметничка програма.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска