Еден загинат во сообраќајка на патот Прилеп – Битола

Од:

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Прилеп – Битола, помеѓу товарно и патничко моторно возило.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила во 23:50 часот помеѓу товарното возило „Мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Н.(41) од с.Крушопек, скопско, и возило марка „Даеву Нексија“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на лице од с. Радолишта, а управувано од засега неидентификувано лице, кое починало на лице место.

Се работи на утврдување на идентитетот на починатото лице.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски