Реконструкција на првото училиште на македонски јазик

Од:

Објектот во кој било сместено првото училиште со настава на македонски јазик во с. Подвис, Кичевско годинава ќе биде реконструирано со средства обезбедени преку Годишната програма на Министерството за култура.

Училиштето во с. Подвис започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево, кога учителот Василко Лазарески го одржал првиот час на македонски јазик на слободната територија на Македонија.

– Овој објект се наоѓа во незавидна и руинирана состојба. Од тие причини и заради зачување и соодветен третман на ова значајно спомен-обележје за македонската историја, култура и образование, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на проектот за негова целосна санација и реконструкција која ќе се спроведува во неколку фази, соопшти Министерството за култура.

Реализацијата на проектот за реконструкција и санација на овој значаен споменик на културата е дел од заложбите на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за соодветен третман и достојна презентација на објектот во кој пред 70 години за првпат се одржала настава на македонски јазик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро