Во Ирак во тек е броењето на гласовите од парламентарните избори. Премиерот Нури ал-Малики како предводник на мнозинската шиитска партија Дава, изјави дека е сигурен во победата.
И покрај насилствата на милитантите во кои загинаа 14 луѓе, излезноста била околу 60 насто.
Над 9.000 кандидати од 277 политички блока учествуваа во изборите за 328-члениот парламент.