Индиец безуспешно се кандидирал на избори дури 158 пати

Од:

Индиецот К. Падмарајан досега 158 пати се кандидирал на избори за различни нивоа на власата, но ниту еднаш не бил избран на некоја функција, што го прави најголем жив политички губитник и рекордер по бројот на неуспешна кандидатура.

Падмарајан, кој е сопственик на работилница за поправка на велосипеди, првпат се кандидирал на избори во 1988 година. Во изминативе 26 години за финансирање на различните негови кандидатура тој потрошил 1,2 милиони рупии (околу 15.000 евра).

Најдобриот резултат го остварил во 2011 година кога добил 6.273 гласови на изборите за членови на Парламентот на неговата родна држава Тамил Наду во јужниот дел на Индија, но сепак не станал пратеник.

Падмарајан вчера неуспешно се натпреваруваше за влез во Парламентот на државата Гуџарат, што беше негова 158-ма кандидатура.

Пред Падмарајан, индискиот рекорд по број на неуспешни кандидатури го држеше Кака Јогиндер Синг кој се кандидрал дури 300 пати. Синг починал во 1998 година, со што Падмарајам е најголем жив губитник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати