САД очекуваат противракетниот штит во Романија да биде оперативен во 2015 година

Од:

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за вселенска и одбранбена политика, Франк Роуз денеска во Букурешт изјави дека Вашингтон очекува противракетниот штит во романската база Девеселу да биде оперативен вo 2015 година.

– Во програмата и според буџетот базата во Девеселу треба да биде оперативна во 2015 година… Почнавме со изградба и се надеваме кон крајот на следната година системот да биде оперативен, посочи Роуз.

Тој наведе дека и покрај буџетските потешкотии во САД, за 2014 година се одредени 8,5 милијарди долари за програмите на противракетна одбрана.

– Конгресот на САД продолжи да обезбедува доволно финансирање на програмата за противракетна одбрана дури и во услови на буџетски потешкотии. САД се подготвени заедно со своите пријатели и сојузници од целиот свет, посебно тука во Романија, да работаат за одбраната од зголемените закани од балистичките ракети, истакна Роуз.

Тој додаде дека тоа претставува „јасен сигнал што за САД значи противракетната одбрана, вклучително и системите во Романија и Полска“.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија