Да не се пали оган и да не се фрлаат отпадоци за време на претстојниот празник 1 Мај ако се престојува во природа, апелираат надлежните.
Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.
Од Град Скопје апелираа граѓаните да внимаваат при престојот на излетничките места како што се Водно, Сарај, езерото Треска и Матка, најавувајќи дека ќе се врши контрола на јавните површини.