Петнаесет партии во Грција поднеле документи за учество во евроизборите

Од:

Петнаесет партии во Грција поднеле документи во Врховниот суд на земјата за учество во изборите за Европарламентот на 25 мај, пишува весникот „Етнос“.

Меѓу нив е крајнодесничарската партија Златна зора.

Изјавата била потпишана од нејзиниот лидер Никос Михалолиакос, кој во моментот е зад решетки по обвинение за припадност кон криминална организација. На изборите ќе учествува и друга таква формација – Национална зора, предводена од Михалис Јанонгонас.

Се очекува на 11 мај Врховниот суд да објави на кои грчки партии ќе им биде дозволено учество во европските избори.

Социолошките анкети покажуваат дека двете партии со највисок рејтинг – конзервативната Нова демократија и радикалната левица СИРИЗА, се со израмнети шанси за победа на изборите.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија