Телевизиска предизборна дебата во Индија се претвори во вистинска драма, кога еден човек во публиката се запали себе си и еден партиски лидер.
И човекот од публиката и политичарот се наоѓаат во критична состојба.
Дебатата беше организирана во националниот парк Султанпур, во североисточниот дел на земјата. Организатор на настанот беше државната телевизија.
Дургеш Кумар Синг излезе од публиката, се полеа со бензин и се запали, а потоа се удри во Камрузама Фауџи, лидер на една локална партија. Двајцата добија 95, односно 75 проценти изгореници.
Засега не се познати причините поради кои Синг постапил така.