Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен денеска ќе се одржи промоција на стихозбирката „Сега знам“ од битолскиот поет Зоран Пејковски.
Книгата, која е во издание на издавачката куќа „Македонија Презент“ од Скопје, целосно е посветена на прерано починатиот поет, прозаист и телевизиски и филмски творец Љубе Цветановски.
За поетската книга „Сега знам“ покрај авторот ќе говорат и критичарите Панде Манојлов, Петре Димовски и Христо Петрески.