Филе и Дачиќ го демантираат Шулц-ЕУ не бара признавање на Косово

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе ја демантираше изјавата на претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц дека Европската Унија бара од Србија признавање на Косово и нагласи дека услов е нормализаиција на односите, а не признавање.

„Ние и денеска повторивме дека шефовите на држави во декември донесоа заклучоци во кои јасно се говори за видлив и одржлив развој во односите со Косово. Тоа се однесува на нормализација, а не на потребата од признавање. Тој мандат е премногу јасен и нема планови надвор од тоа“, нагласи Филе.

На изјавата на Шулц реагираше и премиерот на Србија, Ивица Дачиќ кој кажа дека признавањето на Косово не е услов и дека таков ултиматум тој не слушнал од Шулц.

„Ништо не е променето, ни во ставот на Србија ниту во ставот на ЕУ. Нема никакви нови услови за пристапувањето на Србија кон ЕУ. Србија нема да ја прифати еднострано прогласената независност“, рече Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина