Кибер напад врз компјутерската мрежа на австралискиот Парламент во 2011, можеби им обезбедила на кинеските разузнавачи пристап до личната електронска пошта на пратениците во текот на цела година, пишува „Острелијан Фајненшел Ривју“.
Според весникот, нови податоци покажале дека хакерскиот напад бил помасовен отколку што досега се сметало. Во практика, тоа им обезбедило на Кинезите контрола врз целиот систем.
Компјутерската мрежа на австралискиот Парламент претставува систем што се користи од федералните пратеници, персоналот и советниците за објавување соопштенија и консултации.