На 84-те избирачки места во Велес за вториот круг од претседателските и на предвремените парламентарни избори до 13 часот гласале 34 проценти од евидентираните избирачи, информираше Општинската изборна комисија.
На списокот во Велес се регистрирани 46.548 гласачи за претседателските и 46.444 за парламентарните избори. На сите избрачки места гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, соопштија од ОИК.
Во соседната општина Лозово излезеноста до 13 часот е 42 отсто, во Општина Градско е 38,5 проценти, а во Општина Чашка 33,40 отсто граѓани излегле на гласање.