Последен поздрав за ОЕД како најквалитетниот речник кој престанува да се печати

Од:

Составувачите на следното издание на Оксфордскиот речник на Англискиот јазик (ОЕД) стравуваат дека мамутското ремек дело може да се појави само онлајн, додека печатените томови нема да бидат комерцијално достапни

Тоа е најкомплетното дело за најглобалниот јазик, но Оксфорд речникот на Англискиот јазик можеби засекогаш ќе исчезне од полиците.

Издавачите стравуваат дека следното издание никогаш повеќе нема да се појави во печатена форма, затоа што неговиот огромен обем значи дека ќе биде достапен само во онлајн верзија, и достапен само за академскиот свет. И така тоа сега е само академско дело, велат тие, затоа што третото издание на прочуениот речник, кој се проценува дека ќе се состои од 40 томови, доцни веќе 20 години зад зададениот рок.

Мајкл Профит, првиот нов уредник во изминативе 20 годни, вели дека мамутското ремек дело се соочува со доцнење заради „информациска пренатрупаност“ од интернетот, што ги успорува составувачите.

Неговиуот тим од составен 70 филолози, меѓу кои има лексикографи, етимолози и експерти за толкување, работат на последната верзија позната како ОЕД3 веќе 20 години.

Мајкл Профит за списанието Кантри магазин открива дека следното издание нема да биде комплетирано се до 2034 година, и најверојатно ќе биде понудено само во онлајн форма заради огромниот обем.

– Голем дел од првичните принципи на ОЕД остануваат во функција, но неговите манифести мораат да бидат сменети, но и начинот како тој да биде достапен до луѓето мора да биде сменет, вели 48-годишниот уредник, кој е роден во Единбург.

Работата на новата верзија, која во моментов содржи 800.000 зборови, трае уште од 1994 година. Првото издание, кое потекнува уште од 1858 година, се очекувало да заврши за 10 години, но за тоа биле потребни 70 години.

– Иако интернетот го олесни пристапот, тоа исто така создаде дилема за пренатрупаноста од информации, вели Профит. „Не ја бараме само фреквецијата и долговечноста на речникот, туку и корисноста од употребата на речникот затоа што кога некој збор еднаш ќе влезе во ОЕД, тој не излегува од таму. Не го гледам ова само како лингвистички документ, туку и како дел од социјалната историја“.

Тој вели дека неговиот тим работи на дефиниции на нововнесените зборови и таргетира на 50 до 60 нови зборови секој месец, што е побавно отколку во минатото, затоа што светската мрежа создала толку нови извори на материјал.

Профит вели: „Просечно внесувавме по 80 нови зборови кога почнавме, затоа што во 1989 година немавме компјутери на работните маси, па бевме ограничени колку можеме да истражиме. Нашиот главен извор беа библиотеките“.

Предизвиците со кои се соочува неговиот тим беа истакнати од помошникот уредник Питер Гиливер, кој еднаш потрошил девет месеци во ревизија на дефиницијата на зборот „run“ , што претставува најдолг единечен внесен збор во ОЕД.

– Можеме да слушнеме се што се случува во светот на Англискиот јазик во изминативе 500 години и сето тоа е заглушувачко, рече тој за Њујорк тајмс.

Ако се печати новиот речник – а издавачите Оксфорд јуниверзити прес (ОУП) велат дека печатената верзија ќе се појави ако тогаш има доволно побарувачка за него – ќе се состои од 40 томови, што е двојно повеќе од второто издание од 1989 година.

Скоро една третина од милион внесените зборови беа ставени на 21.730 страници на второто издание на ОЕД, кое се продаваше по 750 фунти, и беше достапно онлајн уште од 2000-та година, по што има по речиси два милиони пребарувања на месец.

На последното електронско издание на ОЕД се признаваат тешкотиите за правење на негова комерцијална печатена верзија, и стои дека „Англискиот јазик е далеку поголем и разновиден за да биде целосно забележан во речник, дури и онаков голем како ОЕД“.

Профит вели дека интернетот е животната артерија за џиновското референтно дело како што е ОЕД. „Огромната работа на референсите има голема иднина на интернетот. Идејата е тие да се поврзат со контекстот во кој луѓето работат директно на ОЕД: да се обезбедат информации до точка до која се тие потребни“.

Другите планирани иновации вклучуваат поврзување на ОЕД со Историскиот Тесаурус, кој се развиваше во последниве 30 годинин од тим во Глазгов, вели тој.

-Луѓето најмногу сакаат да знаат за значења, а не само зборови, но пребарувачите на интернет се тесно насочени, вели тој. „Ова ќе ви овозможи да го проширите вашето пребарување во области за кои и не сте знаеле“.

Одговороноста да се биде одговорен за создавањето на бележник за најглобалниот јазик значи дека Профит мора да ги прифати критиките, кога традиционалистите се жалат кога се воведуваат промени, а модернистите ако тој не ги воведе.

Сепак, далеку од тоа дека е тој тврдокорен пренесувач на популарната имагинација. Помеѓу другото, Профит го скицирал зборот „phat“ (лице, посебно жена; секси, атрактивна; или музика: одлична, неодолива, модерна, кул).

Уредникот вели дека негова задача е да биде описен, наместо да препорачува кога станува збор за неологизмите. Но и додава дека многу зборови и фрази се исковани порано отколку што можеме да си замислиме.

-OMG (О, Боже мој!), било првпат забележано во писмо од адмиралот Фишер до Винстон Черчил во 1917 година. Изразот „да се умре за“ бил искористен во роман во 1989 година, со истата смисла која ја има и денес. Понекогаш чудните термини се враќаат, вели тој.

Првиот познат речник во вакво формат бил оној на Семјуел Џонсон, кој бил  издаден во 1755 година. Тој останал стандарден цели 150 години, се додека ОУП не почнале со својот проект во 1879 година.

Првиот ОЕД бил форматиран во1884, а бил завршен во 1928 гофина. И покрај својата глобална репутација, ОЕД никогаш е бил профитабилен затоа што цената на заложбата за истражување достигнувала и до неколку милиони фунти годишно.

Телеграф – Лондон

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска