Во Ранковце излезеноста до 13 часот е 38,39 отсто

Од:

Во општина Ранковце до 13 часот своето гласачко право го оствариле 38,39 отсто од вкупно 3.110 избирачи евидентирани во списокот за предвремени парламентарни избори.

Општинската изборна комисија од Ранковце информира дека до 13 часот за парламентарните и за претседателските избори гласале 1.193 лица, на 13 избирачки места.

– Вчера за предвремените парламентарни избори гласале двајца затвореници и 79 од вкупно пријавени 84 изнемоштени и болни лица. За претседателските избори гласале 86 од вкупно пријавени 91 немоќно лице од општина Ранковце, истакна секретарот на ОИК од Ранковце, Билјана Илиевска.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?