Вељаноски: Граѓаните одлучуваат за иднината на Македонија

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски откако гласаше во ОУ „Мирче Ацев“, општина Ѓорче Петров, им го честиташе денот на граѓаните, денот кога, како што рече, демократијата е во нивните раце и одлучуваат за иднината на Република Македонија, кој ќе ги води во наредните четири, односно пет години за претседател.

– Како претседател на Собранието сакам да кажам дека сум задоволен за досегашниот тек на изборниот процес. Се надевам и овој ден така ќе заврши, тоа е добро за Република Македонија и за извештајот што се пишува за Република Македонија, истакна Вељаноски.

Тој им посака на избраните пратеници и избраниот претседател да продолжат со темпо со кое Република Македонија ќе се интегрира во меѓународните организации, во НАТО и ЕУ и ќе работат на економскиот просперитет на Република Македонија и на граѓаните кои, како што рече, тоа и го заслужуваат.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?