Јакимовски: Очекувам да избереме парламентарен состав според волјата на граѓаните

Од:

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски очекува изборите да бидат фер и демократски и дека државата ќе покаже зрелост дека е подготвена да биде дел од европскиот дом.

– Јас својата граѓанска обврска ја завршив, гласав и за претседател и за претставници во Собранието на Република Македонија. Се надевам дека денешниот ден и гласањето ќе поминат насекаде во позитивна атмосфера, без проблеми, и дека овој ден ќе биде празник за сите граѓани на Републиката.

– Очекувам денеска да избереме претседател и според волјата на граѓаните да го избереме новиот парламентарен состав, изјави претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски откако гласаше во училиштето „Димо Хаџи Димов“.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука