Необичен, стар обичај е се попопуларен во Романија. Киднапирањето на невестата на сред славењето е вистински хит, а во последно време на сите венчавки овој обичај поприма театрални карактеристики.
Маскирани мажи наоружани до заби доаѓаат ја земаат невестата и заминуваат со бела лимузина. После тоа почнува преговарањето со младоженецот.
Невестата најчесто ја носат на најпосетуваниот видиковец во градот и чекаат да дојде младоженецот.
Преговорите почнуваат по телефон, а откупот обично изнесува неколку шишиња виски, а за порамантично расположените јавно изразување на љубов од страната на младоженецот. Секогаш се работи за краток говор или некоја љубовна песна.
Невестите одлично се забавуваат додека се киднапирани. Се фотографираат со оружје и со киднаперите, играат и пијат алкохол.
Овој обичај е најраспространет во земјите од Советскиот сојуз.