Најмалку шест лица се ранети, откако експлозија предизвика делумно уривање на станбена зграда во австрискиот главен град Виена.
Експлозијата, која одекнала околу десет часот изутрината, ги разурнала двата најгорни ката на зградата.
Спасувачите се обидуваат да стигнат до рането лице во внатрешноста на зградата. Другите пет лица се здобиле со полесни повреди.
Полицијата соопшти дека во објектот можно е да има уште лица.
Во зградата живееле 51 лице, евакуирани се десет, а се утврдува колку лица имало во неа за време на експлозијата.
Експлозијата била мошне сила, а во тек е истрага со цел да се утврдат причините поради кои се случила.