Чешкиот политички врв бара ослободување на набљудувачите во Украина

Од:

Претседателот и премиерот на Чешка, Милош Земан и Бохуслав Соботка денеска повикаа на итно ослободување на групата меѓународни набљудувачи приведени од страна на проруските сепаратисти во источна Украина, јави дописникот на МИА од Прага.

– Ние, се разбира дека треба да побараме од рускојазичното говорно население во источна Украина да ги ослободат луѓето, бидејќи таму вршат корисна функција, рече Земан пред новинарите.

Соботка испрати јасна порака дека Чешка инсистира на ослободување на персоналот и учесниците на мисијата, како и овозможување на слободно делување во Украина и набљудување на ситуацијата таму.

Според него, таквиот развој на настаните не придонесува за смирување на ситуацијата повторувајќи го интересот од чешка страна за политичко и дипломатско решавање на украинската криза.

Проруските бунтовници, во заложништво држат група меѓународни набљудувачи на ОБСЕ, меѓу кои има и еден чешки државјанин за кои изјавија дека се „шпиони на НАТО“ кои сакаат да ги разменат за други затворени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми