Американските војници пристигнаа во Литванија

Од:

Американски војници денеска пристигнаа во Литванија како дел од американскиот контингент од 600 припадници за кои Вашингтон одлучи да ги испрати во Балтичкиот регион поради растечките тензии околу Русија и Украина.

Претседателката на Литванија, Далија Грибаискајте го поздрави доаѓањето на американските војници во регионот.

– Ние знаеме кои се нашите прави пријатели, кои во оваа ситуација пристигнаа да помогнат, изјави Грибаискајте по доаѓањето на околу 150 војници од 173. воздухопловна бригада во воздушната база Сиаулај.

Американските војници ќе учествуваат во неколку воени вежби во текот на годината.

Во средата уште еден контингент американски војници допатува во Полска, а вчера во Летонија, а предвидено е уште 150 војници да пристигнат во Естонија в понеделник.

Вашингтон во вторникот најави дека ќе испрати 600 војници во балтичкиот регион, а НАТО ги засили воздушните патроли над балтичките земји, кои стекнаа независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, а се членки на Алијансата од 2004 година.

Би можело да ве интересира

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута