Екипите на Чикаго и Хјустон со победите на гостински терен остварени ноќеска, вратија по еден домашен пораз во пресметките од 1. коло од НБА плеј-офот против Вашингтон, односно Портланд.
На третиот ноќешен НБА дуел, Бруклин забележа победа на домашен терен против Торонто.
Постигнати резултати: Бруклин – Торонто 102:98 (2-1 победи), Вашингтон – Чикаго 97:100 (2-1), Портланд – Хјустон 116:121 (2-1).
Вечерва се играат четири натпревари: Атланта – Индијана (2-1 во победи), Далас – Сан Антонио (1-1), Шарлот – Мајами (0-2) и Мемфис – Оклахома Сити (2-1).