Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Тихиот Океан, кај североисточниот брег на Тонга.
Не е издадено предупредување за појава на цунами, а нема информации и за причинета материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри под нивото на Океанот, на околу 75 километри североисточно од Тонга.