„НСДП одамна укажува на криминогениот карактер на владеење на оваа власт, а сега конечно на виделина излегоа доволно силни докази што го потврдуваат тоа. Токму поради тоа веројатно се видливи и „загриженоста како и внатрешниот немир кај Груевски од можноста ваквите тврдења да бидат прифатени макар и од дел од неговата потесна или поширока средина“.
Никола Груевски и неговите најблиски соработници се обвинети за криминал и граѓаните треба да го имаат предвид тоа кога ќе одат да гласаат во недела. Сега имаат историска шанса да спречат Македонија и натаму да ја води човек кој веднаш по изборите ќе биде предмет на кривично гонење. Соочен со можноста да заврши во затвор тој сега е подготвен на секаков вид сценарија кои Македонија можат да ја турнат во меѓуетнички конфликт, диктатура и фашизам.
Неговиот и кредибилитетот на неговите најблиски соработници сериозно е нарушен без разлика на исходот на овие избори. Оттаму коруптивното владеење не може и не смее да остане неказнето и покриено со самиот чин на иазборите. Изборите ќе бидат само почеток на падот на ова власт. Токму затоа НСДП ги повикува граѓаните да преминат на страната на правдата и да не им дозволат на овие криминални структури да се збогатуваат на нивна сметка и да ја упропастуваат државата со уште еден мандат.
Пасивноста и држењето на страна граѓаните неминовно ќе ги направи соучесници, а со тоа и одговорни за иднината на Македонија и за идните поколенија.
Доколку Груевски, Јанкуловска и другите од водството на ВМРО ДПМНЕ се убедени дека се невини нека ги депонираат пасошите кај нотар како гаранција дека уште во понеделник нема да побегнат од Македонија“, се вели во соопштението на НСДП.