Секој месец на Гугл се вршат над сто милијарди пребарувања, што дневно значи дека се вршат 3,3 милијарди пребарувања.
Сепак, според Гугл, тоа не е доволно. На светот има седум милијарди луѓе, а компаниајта за цел има да биде достапна за сите.
Останува нејасно дали во оваа бројка на пребарувања влегуваат само оние од декстоп компјутерите или пак и тие од смартфон уредите.
Пребарувањато не е единствена услуга од Гугл, компанијата нуди мапи, Џи-меил, Докс, Адсенсе, Хроум и уште многу други услуги.
Со претставувањето на Гугл оперативниот систем Андроид во 2008 година, компанијата за цел си постави да го направи интернетот достапен до што е можно повеќе места во светот. За таа цел беа спроведени и проектите како Гугл Фибер, Прожект Лун и Опен Аутомотив Алијанс.
Гугл сега приматот на својата работа го насочува од уредите кон корсниците, односно начинот на кој луѓето се поврзуваат со содржините кои ги интересираат.