Предавање „Радикален хуманизам“ на Катерина Колозова

Од:

Во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје денеска, со почеток во 18,30 часот се одржува четвртиот семинар на Школата за политика и критика со проф.д-р Катерина Колозова, филозофка и феминистка, директорка на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје

Семинарот „Радикален хуманизам: читање на Маркс и Ларуел“ ќе се осврне на клучните моменти на Марксовата мисла за бунтувањето во линија со радикалните концепти на Ларуел.

Единствениот иманентен бунт против светот е неапстрактниот. Бунтувањето против конкретни пројави на потчинување и насилство наместо во име на апстракции и визии за преобразба на светот претставува политичко дејствие кое е засегнато на иманентен начин. Тоа е исто така дејствие кое е определено од „интереси“ кои се реални и осетни (или материјални) наместо апстрактни и философски, тврди Маркс. Според него, она против кое треба да се бориме е самата апстракција за да се создаде свет во согласност со непосредните реални и материјални потреби. Светот секогаш ќе биде направен од философија, би рекол Ларуел, и секогаш ќе го прогонува „човекот-во-човека.“ Постојаната револуција може да го престори во социо-политички поредок кој ќе се сообразува со реалните интереси наспроти апстракциите, како што заговара Маркс. На тој начин, светот би можел да стане поправедно и посреќно место, место во кое прогонот е минимализиран врз основа на инверзијата на хиерархијата што ја сочинуваат философијата и реалното. Во оваа смисла, прашањето на родовата и другите форми на починетост може да се гледаат како материјални конкретности условени од реалните и „осетни“ субјект позиции и телесни страдања наместо во термини на идентитетските идеологии.

catOfrealКатерина Колозова е филозофка чие дело во последните години претставува нов процеп во премислување на клучните концепти на феминизмот, теоријата на субјективитетот, концептите на Маркс и новиот реализам. Катерина е професор во Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје, Универзитетот Американ Колеџ како и на Глобалниот Центар за Напредни Студии во Соединетите Држави. Нејзината последна книга „Cut of the real“ предизвика огромен интерес во светски рамки.

Школата за политика и критика се стреми кон развивање на теориските и практичните вештини на активистите во Македонија со цел тие да можат да одговорат на политичките предизвици на неолибералната политика која денес надвладува во политичкото секојдневие во општеството.

Школата директно ќе ги поддржи активистите во градење на одржлива политичка реторика преку нудење на суштински алатки за развивање на социјално и идеолошко информирана анализа и критика. Семинарите ќе овозможат простор за јакнење на знаењата, дискусија и размена во клучни теми од Марксистичката теорија и револуционерната пракса.

Школата се организира со поддршка на Rosa Luxemburg Stiftung.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска