Македонската филхармонија вечер во МОБ ќе го изведе концертот „
На ова уникатно музичко доживување, како што соопшти Филхармонијата, ќе се претстави еден од најталентираните млади пијанисти на денешницата Давид Фре од Франција, именуван за откритие на годината од музичкото списание на Би-Би-Си.
Фре, кој настапува во најпрестижните концертни сали, на македонскиот подиум ќе го изведе исклучително иновативниот Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Јохан Себастијан Бах кој истовремено ќе го диригира од пијаното.
На програмата се и Бранденбуршкиот концерт бр. 3 и познатата Арија од Оркестарската свита бр. 3 на Јохан Себастијан Бах, а својата македонска премиера ќе ја доживеат Симфонија Ф-дур од Вилхелм Фридеман Бах и Симфонија Д-дур од Јохан Кристоф Фридрих Бах, двајцата синови на великанот Јохан Себастијан, продолжувачи на музичката традиција на нивниот татко.
Концертот е организиран во соработка со Францускиот институт во Скопје.