Русија ќе воведе одредени санкции за Црна Гора, затоа што Подгорица даде поддршка за ставовите и мерките на ЕУ и САД, во врска со украинската криза.
Според пишувањето на руските медиуми, Москва можеби ќе го укине безвизниот режим за Црна Гора, како и трговските олеснувања. Министерството за надворешни работи на Русија, недамна оцени дека црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ при посетата на САД дал „непријателски изјави“ за Русија.
Но „Побједа“ пренесе дека на амбасадата на Црна Гора во Москва, не и е доставен никаков документ, ниту на кој било начин им е соопштено дека Руската Федерација ќе воведе санкции за нивната држава.
Е. Г.