Петгодишно дете и 27-годишна тетовка повредени во сообраќајки

Од:

Петгодишно дете од Требош и 27-годишна тетовка биле повредени од автомобили во две одвоени несреќи што се случиле вчера во Тетовско, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Несреќата во која било повредено петгодишното дете се случила околу 17 часот во тетовското село Требош кога патничко возило „Опел астра“, што го управувал З.Х.(53) од ова село удрило во детето кое веднаш било пренесено и задржано за опсервација во Тетовската клиничка болница.

Другата сообраќајка се случила исто така вчера, околу 12 часот и 30 минути на крстосницата на улиците „Борис Кидриќ“ и „Илинденска“ во Тетово. Патничко возило „Голф“ со тетовски таблици управувано од тетовецот Н.И.(31)  налетало и удрило во М.Ц.(27).

– Од ударот  М.Ц. добила телесни повреди и со друго возило пренесена е во тетовската болница. По укажаната лекарска помош пуштена е на домашно лекување, рече Јосифовски.

Полицијата извршила увид на местата на двете сообраќајки и работи на  утврдување на  причините.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски