Двете најголеми азиски сили, Индија и Кина, кои често беа во затегнати односи, по четиригодишна пауза продолжуваат да ги практикуваат заедничките воени вежби, соопшти денес индискиот министер за одбрана, А.К. Антониј.
„На заедничката средба која беше на високо ниво, ние постигнавме консензус за соработка помеѓу нашите морнарици“, изјави кинескиот министер за одбрана, генералот Лианг Гуангли, кој е првиот кинески министер за одбрана, кој дошол до Индија по осум години.
Кина и Индија досега беа во нарушени односи поради споровите околу определувањето на нивните граници. Нивните заеднички воени маневри се прекинати од 2008 година.