Шампионот Мајами го победи Шарлот со 101:97 во една од трите ноќешни НБА плеј-оф пресметки. Ова беше втора победа за водство од 2:0 за Мајами во серијата прв до четири победи.
Домашните кошаркари ја добија само првата четвртина, но предноста од 29:19 остварена во тие 12 минути се покажа како решавачка за конечниот победник. Шарлот се обиде да направи пресврт, но успеа само да се доближи до четири негатива.
На другите два натпревара победи славеа гостинските екипи. Далас триумфира кај Сан Антонио со 113:92 и изедначи на 1:1. ќ
Екипата на Портланд гостуваше кај Хјустон и победи со 112:105. Ова беше втора победа на „Блејзерс“ пред настапите на домашен терен каде ќе брка уште две победи за конференциско полуфинале.
Три натпревари од разигрувањето за шампионската титула во НБА лигата се играат и вечерва. Двојките се: Атланта – Индијана (1-1 во победи), Мемфис – Оклахома (1-1) и Голден Стејт – ЛА Клиперс (1-1).