Големо количество алкохол, дрога и пари во кеш за поткуп на гласачи е запленето за време на тековните парламентарни избори во Индија, пренесува ДПА, повукувајќи се на локалните власти.
Вкупно 2,4 милијарди рупии, околу 39 милиони долари, над 13,2 милиони литри алкохол и 104 килограми хероин се запленети во јужните индиски држави Андхра Прадеш, Тамилнаду и Карнатака од почетокот на март, изјави портпаролот на Изборната комисија Раџеш Малхотра.
Комисијата соопшти дека е формирана екипа од даночни, царински и разузнавачки професионалци за спречување на купувањето на гласови.
Конфискуваните средства значително ги надминуваат запленетите 1,9 милијарди рупии за време на изборите во 2009 година.
Гласањето на овогодинешните избори почна на 7 април и завршува на 12 мај.