Прогласен „портокалов код“ за опасност од поплави во јужниот дел на Романија

Од:

Националната метеоролошка администрација на Романија издаде предупредување за „портокалов код“ за опасност од поплави од утре изутрина за реките во јужните окрузи Мхединц, Горж, Долж, Олт, Арджеш, Телеорман и Дамбовиц.

Вицепремиерот Ливиу Драгнеа, кој претседавашe со седницата на штабот за вонредни ситуации во зградата на Владата, изјави дека вестите сосема не се добри што се однесува до метеоролошката прогноза.

Драгнеа даде рок од два часа на окрузите да испратат во Инспекторатот за вонредни ситуации план за дејствување, со цел да се избегне повторно поплавување на населените места, што беа погодени од водената стихија пред неколку дена, наведува весникот „Гандул“.

Четири лица загинаа, петмина се водат како исчезнати, а стотици беа евакуирани кон крајот на минатата недела во јужните окрузи на Романија, кои беа засегнати од поплави по поројните дождови.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Букурешт: Падна дел од таванот во операциона сала за време на операција

Горан Наумовски

Романија: Преживеани од пожарот во диското „Колектив“ нудат помош за настраданите во Кочани

Централната изборна канцеларија на Романија потврди 12 кандидати за претседателските избори

Романија има нов кандидат за претседател

ВИДЕО: Хаос во Букурешт по забраната за Георгеску да биде претседателски кандидат

Георгеску доби забрана да се кандидира на вториот круг од претседателските избори во Романија

Горан Наумовски