НСДП: Почна падот на Никола Груевски

Од:

Никола Груевски уште незакрепнат од „душнавата болка“ во врска со името се соочува со уште една афера, овој пат финансика и тоа вредна милиони евра. НСДП е загрижена како Груевски со ваква низа од „внатрешни немири“ ќе ја обавува функцијата Премиер.

Тој од митинзите порачува дека се ќе се средело со изборите на кои тој ќе освоел најголема победа досега што ќе била двојна. Никола, ти можеби пак ќе се искачиш на позицијата Премиер, но мора да сфатиш дека твоето паѓање започна и тоа нема да заврши со изборите, напротив допрва ќе се претвора во слободен пад во провалија. Имено против него има сериозни обвинувања за примање поткуп, противзаконско посредување и даночно затајување. Да е оваа држава правна, каква што не е, тој досега ќе беше во притвор за злосторничко здружување, зашто ги исполнува сите услови за тоа. Тој тоа добро го знае зашто под тој изговор досега пикна многумина свои противници и неистомисленици во затвор.

Мораме да признаеме дека во тоа во голема мерка му помогнаа „независните“ судии за кои не постојат други докази освен оние кои неговата партиска министерка за внатрешни работи им ги дава на „независните“ јавни обвинители. Оној минатиот јавен обвинител од спортска кладилница не можеа да го извадат, сегашниов кисне по спортски натпревари и ромски балови па уште не чул за аферата за која сите говорат. Сите сакаат да добијат на време чекајќи изборите сами да го решат случајот, па медиумскиот мрак што ни го подготвуваат потоа да ги покрие трагите од нивните злодела.

Но Никола Груевски не може да ја сфати логиката на времето. Се има крај. Прашање на време е кога неговите подржувачи за кои мисли дека го почитуваат ќе го надминат стравот и кај нив полека ќе почне да се раѓа љубомора, завист и омраза зашто ќе сфатат дека сето ова време биле влечени за нос- тој и семејството се богателе на нивна сметка, а тие биле „наивни“ што му верувале и биле подготвени да се подметнат за него.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ