(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Проекти за поддршка на малите и средните претпријатија

Од:

Зајакнување на поддршката на малите и средните претпријатија преку повеќе проекти со цел продолжување на економскиот развој и отворање нови работни места, најавува во изборната програма ВМРО-ДПМНЕ.

Според Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се реалзира проект за издавање на сите нефункционални објекти во државна сопственост по пристапни цени.  За возврат приватниот партнер ќе треба да ги уреди и да работи во нив и дополнително да вработи луѓе. Со оваа мерка ќе им се овозможи на малите фирми кои не можат да си дозволат сопствен простор или да плаќаат скапа кирија, да се здобијат со потребниот простор за проширување на бизнисот, а државата ќе ги стави во функција објектите кои не се користат, рече денеска на прес-конференција Делев.

Тој најави дека ќе се надоместуваат дел од трошоците на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ИСО, ХААСП И ХАЛАЗ стандарди, како и финансиска поддршка за новоосновани претпријатија од млади претприемачи.  – Со мерката ќе се субвенционираат новоосновани претпријатија чии што основачи (над 50 проценти) и управители се млади лица до 30 години,  државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 120.000 денари. Ќе се субвенционираат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност државјани на Република Македонија, преку кофинансирање до 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари, рече Делев.

Според него, во првата година на новата влада ќе биде донесен нов закон за занаетчиство. Во насока на поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија, појасни, ќе се овозможи надоместување на дел од трошоците  на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, развој на производ  и развој на пазар,  како и надоместување на дел од трошоците за поддршка на патенти.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје