Полициски генерал загина во бомбашки напад во Каиро

Од:

Генерал од полицијата загина денеска во бомбашки напад во Каиро, јави БТА.

Бомбата била поставена под автомобилот на генералот Ахмед Заки, а во експлозијата се ранети и двајца војници.

Генералот Заки командуваше со единица за борба против масовните нереди, која беше во првите редови при задушувањето на протестите на приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.

Ова е петти напад врз полицијата во период од една недела, а генерал Заки е третиот висок офицер, убиен од почетокот на годината во напади извршени од вооружени исламистички групи.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро