Тренерот на Сан Антонио Грег Попович е прогласен за најдобар стручњак сезонава во НБА лигата.
Ова е третпат Попович да го освојува ова престижно признание. Претходно за најдобар тренер во најсилната светска кошаркарска лига беше прогласуван во 2003 и 2012 година.
Тимот кој го предводи Попович во основниот дел беше најуспешен во Западната конференција, а во првата фаза од разигрувањето за шампионската титула веќе води со 1-0 против Далас.
Предводникот на Сан Антонио е само третиот тренер на кој му успеало трипати да биде прогласен за најдобар. Покрај него вакви достигнувања имаат и Пет Рајли и Дон Нелсон.